Силен старт на Кјелце и Гог во Лигата на шампиони!

84

Ниту во првите два меча од првото коло од Лигата на шампиони во групата А не видовме драма. Кјелце и Гог демонтираа сила, едните пред своите фанови, вторите на гостински терен.

Полскиот тим без проблем уште во првото полувреме го реши името на победикот против Нант. Избраниците на Талант Душебаев славеа со убедливи против францускиот состав. Мечот го отворија со 5-1, најголемото водство во првото полувреме беше шест гола (9-3). Гостите се обидуваа да се вратат уште во овој дел од мечот, но немаа простор. По 23-18 на одморот, Кјелце продолжи во ист ритам, без проблем го заврши дуелот во своја корист со убедливи 40-33

Ништо поразлично не беше ниту во главниот град на Хрватска, таму ППД Загреб беше совладан Гог со 27-31. Исто и тука се беше познато после само едно полувреме, во кое гостите имаа предност од шест гола 12-18, па не беше тешко да го завршат овој меч.

ПретходноШек за Родман: Не можев да го поднесам, после натпревар не се тушираше!
СледноПолска ја спакува Словенија, Европа добива нов владател!