Трилер меч во Берлин: Италија во солзи, Франција во полуфинале!

109

Каков шокантен, каков трилер четвртфинален меч во Берлин меѓу Италија и Франција на ЕВРО 2022, кој го добија “триколорите“ со 93:85 и со тоа се пласираа во полуфиналето. Додека Италија остана со солзи, посебно ако се знае дека на 16 секунди пред крајот имаа +2 поени и две слободени фрлања. Фонтекио и двете ги промаши, Франција погоди за два и се замина во продолженија. Таму Гобер и другарите знаеја како треба и одново се извлекоа, среќно и спретно, исто како против Турција.

Инаку Франција многу подобро го отвори мечот, имаше водство од седум поени во првиот период. Италија одигра фантастична трета четвртина, исто како и против Србија, но ете, во самиот финиш четата на селекторот Џанмарко Поцеко немаше среќа и знаење како да ја дотолчи Франција.

Најдобар поентер на мечот беше Фонтекио со 21 поени, додека кај Франција тоа беше Хуртел со 20 поени.

ПретходноСтоименовски ново име кај “лавовите“!
СледноНов блескав настап: Симоновски постигна хет – трик за Дрита!