Фаворитите одат натаму: Познати сите осминафиналисти во Купот на Македонија

1534

Завршија сите единаесет натпревари од 1/16 финалето во Купот на Македонија. Фаворитите одат натаму, немаше ниту едно поголемо изненадување во оваа фаза. Ако не се смета победата на Фортуна над Борец со 5:3 и победата на Пелистер на гости кај Гостивар, кој играше со комбиниран состав.

Со комбинирам состав играше и Струга ТЛ во Неготино, но сепак успеа да го победи Вардар со 1:2 со головите на Јахја и Пере.

Секако дека треба да се одбележи и убедливата победа на Победа кај Карбинци со 0:6.

На мечот меѓу Коњаре и Работнички, кој започна нешто подоцна, гостите победија со 0:5.

КУП НА МАКЕДОНИЈА 1/16 ФИНАЛЕ – РЕЗУЛТАТИ

Беласица – ШКУПИ 1:3

Коњаре – РАБОТНИЧКИ 0:5

ФОРТУНА – Борец 5:3

Каменица Саса – ВАРДАР 0:3

Караорман – ШКЕНДИЈА 0:3

Карбинци – ПОБЕДА 0:6

Гостивар – ПЕЛИСТЕР 0:1

Кожуф – ТИКВЕШ 0:2

Слога (В) – БРЕГАЛНИЦА 0:3

Тетекс – А.ПАНДЕВ 0:6

Вардар (Н) – СТРУГА ТЛ 1:2

*Со големи букви означени се екипите кои се пласираа во 1/8 финалето, а таму веќе се Македонија ЃП, Силекс, Скопје, Љуботен и Воска Спорт.

ПретходноКуп: Шкендија рутинирано, Шкупи славеше во Струмица, “пандевци“ го растурија Тетекс, Брегалница и Вардар убедливи…
СледноПо катастрофата од Бриж: Хулигани го каменувале автомобилот на тренерот на Порто!