Хуан Мартин Дел Потро во свое време беше еден од најомилените тенисери во светот. Честите повреди не му дозволија во целост да го искаже сиот свој талент и квалитет. Сепак засекогаш ќе се памети финалето на УС Опен во таа 2009 година кога иако губеше со 1:2 од Швајцарецот, тенисерот од Аргентина успеа да победи со 3:2 и да го освои турнирот во Њујорк.
Во време не неодамна одржаниот турнир на УС Опен, Дел Потро го прошета својот сонародник Ману Џинобили низ комплексот на УС Опен, и во еден момент застана до плочата каде што се запишани сите шампиони.
“Федерер, Федерер, Федерер, Федерер, Федерер…па после го зае*ав“ се насмеа Дел Потро, асоцирајќи на тоа дека ја прекинал победничката низа на Швајцарецот.
"Federer, Federer, Federer, Federer, Federer… and then I made it all screw up." 😅
13 years ago to the day, Juan Martin del Potro was triumphing at US Open ✨
(🎥 @deantonioagus)pic.twitter.com/LicuivZe2T
— We Are Tennis (@WeAreTennis) September 14, 2022