Баерн Минхен како домаќин на најочекуваниот натпревар од програмата на Лигата на шампионите, во вторникот ја победи Барселона со 2:0 и со тоа му го нанесе првиот пораз во ова натпреварување на каталонскиот гигант. Тренерот на Барселона Чави Хернандез во својата анализа на натпреварот истакна дека е бесен и горд.
„Бевме подобри од Баерн во многу аспекти од играта. Изгледавме подобро физички и доминиравме во играта во првото полувреме. Изнервиран сум, требаше да победиме. Имавме седум многу добри ситуации за гол, кои мора да се искористат“, рече тој во воведот на анализата на натпреварот, потоа додаде:
„Лут сум, но и горд. Бевме изедначени. Нема да кажам дека бевме подобри, но тука се работи за победа. Првиот гол го примивме по корнер, а вториот затоа што не го спречивме контранападот. Тоа не треба да се случи. Тие се комплетен тим, но ова е почеток и ќе мора да ги подобриме тие аспекти од нашата игра. Бевме одлични во првото полувреме, ги имавме, доминиравме, победивме во дуелите. Заслуживме да победиме“.
По две одиграни кола Барса го дели второто место на табелата во групата А со Интер, имаат до три бода, додека пак Берн е лидер со шест бодови.