По поразот во Супер-Купот од Е.Пелистер, Вардар брзо се собра и ја оправда фаворитската улога против Бутел Скопје. Актуелниот македонски првак славеше со 30-21 во последниот меч од второто коло во групата А, по кое заедно со Алкалоид и Струга имаат „два од два“.
Чувара, Талески и Ќосевски запишаа по пет гола, на другата страна Петрушевски имаше исто толку погодоци.
Гостите на почетокот имаа водство од 2-3, по што Вардар со серија од 4-0 за само три минути дојде на плус три (6-3), а за кратко време дојде на плус шест (11-5). На одморот водството беше 16-12.
Во играта на се промени ништо, второто полувреме беше речиси иста сликата со нешто поголема доминација на домашниот состав. Во 44 минута, Вардар поведе со девет гола разлика 25-16, а до крајот со половина сили го приведе мечот во своја корист.
Манасков, Стоилов, Моралес и Георгиевски, беа во составот, но одмараа, додека на трибините беше Борко Ристовски.