Голден Арт го испоти Е.Пелистер во првото полувреме (ФОТО)

103

Е.Пелистер продолжува во победнички ритам. Три дена по освојувањето на Супер-купот, го совлада Голден Арт во домашниот шампионат. Битолчани дуелот со скопскиот состав го добија во второто полувреме, славеа со 32-25 во рамките на 2. коло во Супер-лигата.

Во групата „Б“, Е.Пелистер заедно со Пролет се без пораз по два одиграни меча.

Хосни со девет гола беше лидер кај победникот, Ратајовски и Шилегов кај гостите запишаа по пет гола.

Ракометарите на Голден Арт повторно се покажаа како незгоден противник, но и овој пат си заминуваат со пораз. Добро му се спротиставија на фаворитот во првото полувреме. Иако по 7-4 се чинеше ова ќе биде лесен меч, сепак гостите нешто подоцна со серија од 3-0 поведоа со 9-10, па со 12-14. Искуството на домаќинот си го стори своето, израмни на 14-14 на полувремето, а веќе во вториот дел со серија од 11-1 поведе со 26-17 и стави крај на сите дилеми.

 

ПретходноПознат распоредот и во Првата лига жени!
СледноКатастрофа во Катар пред СП: Гледачите молеле да си одат од стадионот!