Гранде ќе ги бодри Аријан и Стефан во Милано: Капитену ти си единствен

520

Денеска тимот на Динамо Загреб на чело со нашите репрезентативци Стефан Ристовски и Аријан Адеми одат на мегдан со гигантот Милан. Среде Милано ќе се обидат да направат сензација слична на онаа од првото коло од Лигата на Шампионите кога на Максимир пред неколку дена го совладаа големиот Челзи.

Тоа нема да биде лесно, се знае кој е Милан, но на Динамо и пред се нашите интернационалци поддршка ќе им даде ни помалку ни повеќе, Горан Пандев. Сега веќе екс капитенот на наташа репрезентација пристигна во Милано специјално за овој дуел, а доби и специјален подарок.
Дрес со „тринаесетката“ на Ристовски и посвета „капитену ти си единствен“.

 

ПретходноСпахиу успешно опериран, Тиквеш му порача ќе се вратиш уште посилен
СледноЛШ: Адеми и Ристовски на “Сан Сиро“, Елмас во Глазгов а Халанд против “својот“ Дортмунд!