Роберт Левандвоски враќањето во Минхен нема да го памети по убаво. Барселона на гостувањето кај Баерн беше поразена со 2-0 и покрај одличното прво полувреме. Каталонскиот гигант имаше шанси да постигне гол и тоа преку Левандовски, но веднаш стигна казна.
По завршување на мечот во центарот на вниманието беше Лева, камерите вперени во него. Тој во дресот на Баерн изгради светска слава и стана еден од најдобрите напаѓачи во светот.
Полјакот го напушти стадионот без да даде изјава на медиумите, тој се поздрави само со еден човек. Претседателот на клубот, Жоан Лапорта ги чекаше фудбалерите надвор, го гушна Лева, кој пак само кажа една реченица.
„Не беше лесно“, беше краткиот коментар на полскиот напаѓач.
Lewandowski and Laporta hug pic.twitter.com/VcZAEv63Os
— The Barca Index (@BarcaIndex) September 13, 2022