Јувентус остана без освоен бод и по второто коло од групната фаза во Лигата на шампионите. Вечерва во меч од групата „Х“, Италијанците на домашен терен беа поразени од Бенфика со 2:1, иако први поведоа со голот на Милик уште во 4. минута. Гостите беа упорни, одлиграа одличен меч и со погодоците на Жоао Марио од пенал и на Нерес дојдоа до голем пресврт и втора победа во групата.
Во оваа група ПСЖ со пресврт славеше во Израел против Макаби Хаифа со 3:1. Трите гола за гостите беа дело на убиственото трио Меси – Мбапе – Нејмар.
Вчера одложениот меч меѓу Ренџерс и Наполи им припадна на Италијанците, кои со три гола во вториот дел ја искористија предноста од играч повеќе по исклучувањето на домашниот фудбалер Сандс во 55. минута. Наполитанците прво промашија пенал (Желински), па потоа погодија од белата точка преку Политано. До крајот погодија и Распадори и Ндомбеле за конечни 0:3.
Голем „кикс“ имаше и Челзи под водство на новиот менаџер Грем Потер. На домашен терен „сините“ одиграа само 1:1 против Салцбург. Стерлинг погоди за 1:0 во 48. минута, но упорните гости израмнија преку Окафор во 75. минута.
Реал (М) беше сигурен дома против Лајпциг. Иако гостите делуваа подобар тим во првото полувреме и пропуштија неколку шанси за водство, европскиот првак во вториот дел со головите на Валверде и Асенсио си прокнижи нова победа.
Со пресврт за 4 минути Манчестер Сити ја обезбеди и втората победа во групата „Г“. Борусија (Д) со голот на Белингам поведе, но Стоунс и Халанд за само 4 минути од 80. до 84. минута направија пресврт за нова победа на „граѓаните“.
Група А
Ренџерс – Наполи 0:3
Група Е
Милан – Динамо З. 3:1
Челзи – Салцбург 1:1
Група Ф
Шахтјор – Селтик 1:1
Реал Мадрид – Лајпциг 2:0
Група Г
Манчестер Сити – Борусија Д. 2:1
ФК Копенхаген – Севиља 0:0
Група Х
Јувентус – Бенфика 1:2
Макаби Хаифа – ПСЖ 1:3