Милер на терен против Барса, крадците во неговиот дом

97

За време на мечот од Лигата на Шампионите помеѓу екипите на Баерн и Барселона кој што се одигра синоќа во Минхен, во домот на Томас Милер, првотимецот на „Бацарците“ извршен е грабеж. Криминалците секако добро информирани дека семејството Милер не е во својот дом, и ќе буде одсутно неколку часа, извршиле провала при што го направиле штета од околу половина милион евра. Тука секако спаѓа накит, рачни часовници, и секако поголема сума на пари, која што со оглед на примањата на Милер сиве овие години нормално е што се нашла во куќата.

Билд пренесува дека полицијата интензивно трага по сторителите, а ваквиот вид на криминал во кој жртва се професионални фудбалери се сериозно зачестени. Обамејанг доживеа огромна непријатност, Домагој Вида хрватскиот интернационалец исто така беше мета, а и Дани Карвахал имаше слична непријатност.

 

ПретходноЛегендарниот Дејан Бодирога е новиот претседател на Евролигата!
СледноКуп: Шкендија рутинирано, Шкупи славеше во Струмица, “пандевци“ го растурија Тетекс, Брегалница и Вардар убедливи…