Екипата на Пелистер првите тест мечеви пред стартот на новата сезона ќе ги има во Бугарија. Тренерот, Марјан Илиевски и неговите момци ќе учествуваат на меѓународен турнир чиј домаќин е Спартак Плевен, а ќе се игра на 16. и 17. овој месец.
Покрај домаќинот и македонскиот вицепрвак ќе учествува уште еден македонски тим, а тоа актуелниот освојувач на Купот на Македонија, ТФТ, кој многу порано почна со контролните натпревари поради европскиот предизвик кој го очекува.
На овој турнир ќе биде и поранешниот првак на Бугарија, Левски.
Двата македонски претставника, претстојната сезона ќе учествуваат во АБА 2 лигата, па овој интернационален турнир ќе биде добра подготовка за она што следува.