Хамес Родригез на позајмица во Олимпијакос

165

Колумбискиот интернационалец Хамес Родригез следниот период ќе го мине како позајмен фудбалер во тимот на Олимпијакос. Во моментов играчот на Ал Рајан од Катар, се враќа во Европа за да колку толку ја возобнови својата фудбалска кариера и ја врати на потребното ниво.

Родригез денеска ќе ги мине лекарските прегледи и ќе стане нов соиграч на некогашниот негов колега Марсело од времето кога заедно играа во дресот на Реал Мадрид.

 

ПретходноЛШ: Адеми и Ристовски на “Сан Сиро“, Елмас во Глазгов а Халанд против “својот“ Дортмунд!
СледноЛегендарниот Дејан Бодирога е новиот претседател на Евролигата!