Кантона: Нема да гледам ниту еден меч на Мундијалот, тоа СП во Катар е нешто ненормално!

286

Ерик Кантона, легендарниот екс – фудбалер на Манчестер Јунајтед и репрезентацијата на Франција знае понекогаш да изненади со чудни, но искрени изјави.

Имено Мундијалот во Катар започнува за околу два месеци, а тој за тоа СП има свој коментар:

Немам намера да гледам ниту еден натпревар на тоа СП. Тоа е една еколошка ненормалност, со сите климатизирани стадиони, каково е тоа лудило, каква глупост. Но најмногу од се, хоророт што се случуваше при изградбата на стадионите. Колку илјадници мртви имаше само да се изградат тие стадиони“ посочи покрај другото легендарниот Кантона.

ПретходноСкандал во Шпанија – организирале оргии со пари од Фудбалската федерација!
СледноСари по фијаското од Митјиланд: Ќе барам објаснување од играчите