ЛЕ: Тричко и АЕК го победија Динамо Киев, Алиоски и Фенер извлекоа бод во финишот

111

Во вториот дел од натпреварите од 2.коло на ЛЕ кипарски АЕК Ларнака славеше над Динамо Киев со 1:0. Мечот се одигра на стадионот Краковија во Краков, а голот за победа го постигна Ѓуршо во 8. минута. Инаку Иван Тричковски беше капитен на тимот кој ја запиша првата победа во групата.
А во истата група Фенербахче и Рен одиграа  2:2. Македонскиот бек Езџан Алиоски влезе во игра во второто полувреме кога Фенер губеше со 2:0 (головите ги постигнаа Терие и Мајер во 52. односно 54. минута), а потоа турската екипа стигна до реми. Прво Кавечи намали, а во 91. минута избори пенал кој во гол го предвори Енер Валенсија за 2:2.

РЕЗУЛТАТИ
ЛЕ, 2.КОЛО
ГРУПА Ц
БЕТИС – ЛУДОГОРЕЦ 3:2
РОМА – ХЕЛСИНКИ 3:0

ГРУПА А
БОДО ГЛИМТ – ЦИРИХ 2:1
АРСЕНАЛ – ПСВ одложен

ГРУПА Д
БРАГА – УНИОН 1:0
РОЈАЛ УНИОН СЖ – МАЛМЕ 3:2

ГРУПА Б
РЕН – ФЕНЕРБАХЧЕ 2:2
ДИН.КИЕВ – АЕК ЛАРНАКА 0:1

ПретходноМитревски и Порто со пораз тргнаа во ЛШ
СледноЛК: Партизан одигра реми со Ница, Башакшехир ја демолира Фиорентина (видео)