Натпреварите на ФК Вардар ќе бидат пренесувани на Спортклуб!

570

Како што информираат од раководството на ФК Вардар, во иднина натпреварите на вардарци, оние кога тој ќе биде домаќин, ќе бидат пренесувани во живо и тоа на Спортклуб, на една од најголемите спортски ТВ куќи во регионот. Да кажеме дека во последната година, Спортклуб ги пренесува и домашните мечеви на А. Пандев, но интересно е тоа што за првпат некоја ТВ, па таа да била и странска, ќе пренесува второлигашки натпревари во живо.

Секако дека ова е добро не само за промоција на Вардар, кој во минатото важеше за еден од најголемите клубови во СФРЈ, некогашен шампион, туку и за оние клубови кои ќе му гостуваат на Вардар.

Веројатно првиот меч на Вардар кој ќе биде пренесуван на Спортклуб ќе биде оној меѓу Вардар и Пехчево Скопје на 1 октомври.

ПретходноЛЕ и ЛК: Барди и Трабзон и спремаат пекол на Ц. Звезда, Тричко на гости кај Динамо Киев, Џани против Рен
СледноТренерот кој против Вардар сакал да прави седум измени, си замина од Каменица Саса!