Некогашниот играч на тимот на Шкупи, интернационалецот од Екваторијална Гвинеја, Мариано Ондо Монсух Ангонг, ненадејно починал на 23. годишна возраст. И тоа додека ги обавувал обврските за неговата репрезентација. Ангонг одеднаш се струполил на теренот, бил пренесен во болница, но лекарите не можеле да му го спасат животот. Информациите се дека тој починал од срцев удар.
Овој африкански интернационалец не остави преголем белег во дресот на нашиот актуелен првак, играше во сезоната 2018 на Чаир, а настапи само на неколку мечеви.