Тренерот кој против Вардар сакал да прави седум измени, си замина од Каменица Саса!

1451

Вчера за време на Куп натпреварот меѓу Каменица Саса и Вардар, во 1/16 финалето од ова натпреварување, во финишот се случувала вистинска драма. Имено стратегот на домашните, Иван Варадиновски повикал двајца свои фудбалери со цел да направи измени во тимот. Ништо необично, но проблемот бил во тоа што тој претходно веќе направил пет измени колку што дозволуваат прописите. И кога почнале да му кажуваат неговите од клубот, а и службените лица, дека нема право на тоа, тој видно се изнервирал и почнал да се развикува.

Веројатно изнервиран од водството на Вардар, а мечот заврши со 0:3, просто се “загубил“, што секако на секого може да му се случи.

Ова епизода има продолжение, а тоа е дека денеска Иван Варадиновски си поднел оставка од местото шеф на стручниот штаб на Каменица Саса.

ПретходноНатпреварите на ФК Вардар ќе бидат пренесувани на Спортклуб!
СледноОктај Дерелиоглу пред дербито: Гостивар има желба да ја победи Воска Спорт!