Алан Пердју седна на клупата на грчки Арис

192

Алан Пердју е нов тренер на Арис Солун, потврди грчкиот клуб. Договорот на англискиот стручњак е за една сезона, со опција за продолжување на уште една.

Пердју (61) се сели во Арис откако работеше како технички директор и кратко како тренер во ЦСКА (С). Англичанецот роден во Вимблдон е поранешен менаџер на Ридинг, Вест Хем, Чарлтон, Саутемптон, Кристал Палас, Њукасл, Вест Бром и холандскиот Ден Хаг.

ПретходноПоранешен играч на Шкупи почина од срцев удар
СледноСветот го менува Алегри, Италијаните мислат поинаку