Дончиќ: Ја изневерив својата држава!

374

Сензационална елиминација на актуелниот европски првак, Словенија во четврт-финалето на Евробаскетот силно ја погоди најголемата ѕвезда на оваа репрезентација, откако Полска славеше со 90-87.

Лука Дончиќ се појави пред новинарите и како никогаш досега ја презеде целата вина за дебаклот.

„Честитки до Полска која одигра брилијантно од првата минута. Ние, пак, не влеговме во натпреварот како што треба, ја немавме вистинската енергија. Кога се вративме, беше премногу доцна затоа што Полска цело време се бореше и на крајот заслужено победи. Одигравме катастрофален натпревар.

Ја предадов Словенија, целата земја што не поддржуваше. Морав да играм многу подобро, направив многу големи грешки“, изјави Дончиќ, кој постигна 14 поени со 11 скока и седум асистенции. Сепак, од поле шутираше само 5/15, имаше дури шест загубени топки, а пет лични грешки не можеше да ги одигра кога на Словенија најмногу и требаше, во тензичното финале.

“Овој Евробаскет е нешто посебно, има толку многу големи тимови. Жал ми е што не напредувавме. Овој пораз е многу болен бидејќи ја имавме цела земја зад нас, но не успеавме“, додаде Словенецот, кој играше повреден.

„Не бев на 100 проценти. И во третата четвртина примив инекција. Се мачев со неа во текот на целиот Евробаскет“.

ПретходноСтефан Ристовски по поразот: Побега? Сите ми побегнаа и сега што?
СледноНејмар со еден потег ги „извади од кожа“ Израелците, веднаш беше казнет (ВИДЕО)