Кога си роден со фудбал во срцето….

536

Синоќешниот натпревар од хрватскиот шампионат помеѓ Хајдук и Ријека одигран на Пољуд во Сплит донесе ретко видена сцена која што утринава го обиколи светот и секако дека е вредна да се одбележи.

На крајот од дуелот кој патем Хајдук го доби со 2:0 дел од публиката, пред се мали дечиња влегоа во теренот. Едно од нив ја имаше таа среќа да добие дрес од својот омилен клуб Хајдук, а неговата реакција е бесценета. Клекна на колена и му се заблагодари на бога. Навистина прекрасна сцена. Оригинална и искрена, од младо момче кое очигледно фудбалот, а особено Хајдук му е во срцето.

Ваквите сцени ја враќаат вербата во нормалниот фудбалски свет, дека не е сведено се на пари, реклами, тв права и милионска заработка. Нешто има и во самата љубов спрема најважната споредна работа на светот.

FOTO DALMATINSKI PORTAL

ПретходноУтре е ждрепката за 1/8 финалето од Купот на Македонија
СледноКуп судиска анализа: Арбитражата без грешка