Освен во ЛЕ, се играа и мечеви од 2. коло во Лигата на конференциите. Во првиот термин, ерменскиот првак Пјуник и без македонските интернационалци славеше над Слован Братислава со 2:0. Од тројцата македонски играчи само Спировски беше во протоколот, но тој остана на клупата.
Во Прага се одигра возбудлив меч во кој Славија Прага со 3:2 славеше над косовскиот дебитант Балкани. Косовскиот првак два пати водеше (0:1 и 1:2) но на крајот го загуби дуелот. Чесите го „фатија“ противникот на искуство, а интересно сите пет гола паднаа во првото полувреме.
Базел славеше на гостувањето кај Жалгирис со 1:0 со гол на Зекири во второто полувреме.
ЛК, 2.КОЛО
ГРУПА Е
АПОЛОН – ДНИПРО 1:3
АЗ АЛКМАР – ВАДУЦ 4:1
ГРУПА Ф
ГЕНК – ШЕМРОК 3:0
ЃУРГАРДЕН – МОЛДЕ 3:2
ГРУПА Г
КЛУЖ – СИВАС 0:1
СЛАВИЈА П. – БАЛКАНИ 3:2
ГРУПА Х
ЖАЛГИРИС – БАЗЕЛ 0:1
ПЈУНИК – СЛОВАН 2:0