Во 1. коло од новата сезона на Лигата на шампионите екипата на Порто доживеа пораз на гостувањето кај Висла Плоцк. Единствениот македонски играч сезонава во ЛШ Никола Митревски беше на голот на Порто, но имаше скромен ефект од четири одбрани од 23 обиди или успешност од oколу 17%.
Порто загуби со 27:23, а дел од „вината“ има и голманот на полската екипа Кристијан Пилиповиќ кој имаше 13 одбрани. Од вкупно 27 гола, осум ги даде Гонзало Перез Арсе.
На другите мечеви: Алборг – Целје 36:32, Динамо Букурешт – Магдебург 28:30, Веспрем – ПСЖ 36:34.