Се одиграа дел од натпреварите од 2. коло од групната фаза на Лига Европа. Големо изненадување се случи во Данска каде локалниот Митјиланд го нокаутира Лацио со 5:1 и му го нанесе првиот пораз во ЛЕ.
Лацио помина кошмар во Данска, по 52 минути Митјиланд имаше предност од 3:0, во меѓувреме Милинковиќ-Савиќ намали, но до крајот на мечот Исаксен и Свијатченко ја заокружија високата победа на данската екипа која е прва сезонава во групата на ЛЕ.
Во истата група Ф, Феенорд со 6:0 славеше над Штурм.
А Енис Барди и неговиот Трабзон славеа над Црвена Звезда со 2:1 во групата Х. Марек Хамшик во 16. минута го отвори резултатот, а вториот гол го постигна Трезеге. Во 61. минута во игра влезе Барди на местото на Хамшик. Во финишот Звезда и со играч помалку постигна гол преку Николиќ.
Тоа е прва победа на Трабзон во групата. А во истата оваа група Ференцварош славеше во гости над Монако со 1:0. Стрелец на голот е Весеи во 80 минута.
РЕЗУЛТАТИ
ЛЕ, 2.КОЛО
ГРУПА Е
СОСИЕДАД – ОМОНИЈА 2:1
ШЕРИФ – МАН.ЈУНАЈТЕД 0:2
ГРУПА Ф
ФЕЕНОРД – ШТУРМ 6:0
МИТЈИЛАНД – ЛАЦИО 5:1
ГРУПА Г
ОЛИМПИЈАКОС – ФРАЈБУРГ 0:3
КАРАБАХ – НАНТ 3:0
ГРУПА Х
МОНАКО – ФЕРЕНЦВАРОШ 0:1
ТРАБЗОН – Ц.ЗВЕЗДА 2:1