ПСЖ со победа од 3-1 се враќа од гостувањето кај Макаби во рамките на 2. коло во Лигата на шампиони.
Иако домаќинот прв дојде до водство, сепак францускиот првак го зголеми темпото и до крајот на мечот постигна три гола. Последниот беше дело на Нејмар, кој стрелаше во 88. минута.
Бразилецот се најде во центарот на вниманието поради начинот на кој го прослави голот. Како и секогаш така и овој пат го испружи јазикот и ги стави рацете на глава. Ова предизвикува негодување од страна на навивачите на Макаби, а веднаш стигна казна од главниот судија, кој му додели жолт картон. И покрај протестите на Нејмар и објаснувањата, сепак неговата одлука не ја промени ништо.
Овој момент можете да го видите на следниот ЛИНК.
Neymar getting a yellow card for the signature celebration he has been doing all season, ridiculous.
You can’t even have fun anymore, the game is going to shits. pic.twitter.com/bV2Rbu4I7T
— ⋆𝗡𝗲𝘆𝗺𝗼𝗹𝗲𝗾𝘂𝗲 🇧🇷 (@Neymoleque) September 14, 2022