Официјално: Ерик Амо од Гана е нов член на Победа!

497

И официјално прилепска Победа се засили со уште еден странски фудбалер. Тоа е Ерик Амо од Гана, кој има само 19 години и според кажувањата на прилепчани се очекува да биде големо засилување за тимот на Бобан Бабунски кој во неделата ја воодушеви јавноста со начинот како тоа ја совлада силната Брегалница.

Инаку Амо е четвртиот странец кој дојде во летниот преоден рок во Победа, а досега прилепчани се засилија и со Агукугбе Џејмс од Белгија, Амос Губам Дадет од Нигерија и Огњен Ѓурковиќ од Србија. Секако дека Победа се засили и со неколку домашни фудбалери.

Да споменеме дека во сабота, прилепчани во меч од 8.коло му гостуваат на Работнички во Скопје.

ПретходноСветот го менува Алегри, Италијаните мислат поинаку
СледноПромени во АБА: Осум екипи влегуваат во плеј – офот, дали е ова шанса за МЗТ Скопје!?