И официјално Хамес Родригез е ново име во таборот на Олимпијакос, на грчкиот гигант од Пиреја. Овој по малку сензационал трансфер се случи пред неколку денови, а денеска повеќекратниот грчки првак и официјално го презенираше едно од најголемите, односно најзвучни засилувања во својата клупска историја.
Колку за потсетување, мега – ѕвездата од Колумбија, барем тоа беше пред неколку година, во Олимпијакос дојде од тимот на Ал – Рајан од Катар, а претходно играше за Евертон, Реал Мадрид, Баерн Минхен, Монако, Порто…