Лигата на шампиони и официјално стартуваше вчера со четири средби, без изненадување. Барселона, бранителот на титулата славеше на гости кај Пик Сегед со 28-35, благодарение на одличната игра во второто полувреме.
Оваа сезона за нас Македонците, најинтересен ќе биде Порто. За овој тим настапува македонскиот репрезентативен голман, Никола Митревски. Портуалскиот клуб во првото коло е гостин на Висла Плоцк, мечот се игра 20:45 часот.
Порто е во групата А заедно со Магдебург, Гог, Веспрем, ПСЖ, ППД Загреб и Динамо Букурешт.
Митревски и оваа сезона ќе биде еден од главните фактори во Порто, тој ја продолжи сорабоката, откако претходно се покажа како вистинско засилување. Македонецот беше лидер во многу тешки мечеви и во португалскиот шампионат, и во Лигата на шампиони.