Потер: Разочарани сме од овој резултат

136

Новиот менаџер на тимот на Челзи, Греем Потер не успеа со победа да ја стартува неговата кампања како прв човек на „Сините“. Тој синоќа одигра само 1:1 на домашен терен против Ред Бул Салзбург. Тој призна дека не е задоволен од резултатот, но верува дека наскоро ќе се подобрат и формата но и резултатите.

„Разочарани сме од овој резултат. Мислам дека тимот се предаде едноставно. Постигнавме добар гол, но ја загубивме острината во вториот дел, а нивниот голман имаше свој ден. Тимот даде се од себе, но очигледно денес не направивме се што можеме. Што и да е, мора да трпиме и да гледаме напред. Натпреварот беше на ниво, но сепак ќе мора да играме се подобро и подобро” –  вели Потер па додаде.

„Не можете да ја контролирате играта цели 90 минути. Во моментот кога не бевме на ниво, примивме гол. Мораме да го подобриме тоа. Секогаш е разочарувачки да примиш гол. Генерално, бевме прилично силни во одбраната, но треба да се подобриме со малите детали. Не беше лесно за момците во последните денови, но тие добро одговорија. Нивниот однос е фантастичен, немам забелешки освен тоа што не ги освоивме трите бода“, додаде Потер.

ПретходноФановите тагуваат: Федерер замина во пензија!
СледноЛЕ и ЛК: Барди и Трабзон и спремаат пекол на Ц. Звезда, Тричко на гости кај Динамо Киев, Џани против Рен