Како што се известува на официјалната интернет страница на АБА лигата, на состанокот на раководството на регионалната лига кој се одржа деновиве во Бар, одлучено е осум екипи да влегуваат во плеј – офот место досегашните шест екипи. Се наведува дека по контруктивната дебата и целосна анализа, да се донесе ваква одлука и тоа на задоволство на клубовите и повеќе фанови на АБА лигата во регионот.
Тоа значи дека со промената во битката за титулата во новата сезона 2022/23 ќе тие осум екипи ќе играат 1/4 финале, па полуфинале и се разбира на крај финале.
Дали со ова шанса добива и МЗТ Скопје, кој долги години се враќа во А-дивизијата, останува да се види. Имено по ново сега „металците“ во регуларниот дел треба да завршат најмалку на осмото место како би влегле во плеј – офот.