Светот го менува Алегри, Италијаните мислат поинаку

288

Иако целиот свет чека смена на Масимилијано Алегри на клупата на Јувентус, сепак, јавноста во Италија и не е така сигурна дека тоа ќе се случи.

Искусниот и исклучително реномиран новинар, Николо Скира вели дека Јуве засега нема да се одлучи на ваков потег, а на тоа нема да влијае ниту вчерашниот шокантен порав во Лигата на Шампионите од Бенфика на домашен терен.
На Алегри според Скира ќе му се даде дополнителна шанса, односно ќе се почека репрезентативната пауза, па потоа ќе следуваат мечеви од типот на Монца, Болоња и Макаби (Хаифа), а потоа следува дербито со Милан на 8 октомври. Дури тогаш веројатно ќе биде одлучено дали Алегри својот втор мандат на кормилото на Јуве ќе го заврши есенва или пак ќе ја тера сезоната до крај.

 

ПретходноАлан Пердју седна на клупата на грчки Арис
СледноОфицијално: Ерик Амо од Гана е нов член на Победа!