Селекторот на Полска: Големото срце и играта со м**иња беа одлучувачки! Ги замолкнавме хејтерите!

87

Уште долго време ќе се зборува за вчерашната четвртфинална пресметка меѓу актуелниот европски првак, Словенија и Полска. Кошаркарите на Полска го елиминираа фаворитот со 87-90 и заверија полуфинале. Ова беше едно од неколкуте изненадувања на континенталното натпреварување.

Предводникот на Полска, Игор Миличиќ, очекувано беше пресреќен, неговите момци одиграа неверојатно.

„Многу сме благодарни на нашите навивачи кои дојдоа во голем број. Ако некој веруваше дека ќе ја уништиме Словенија и во второто полувреме, тоа беше невозможно. Но, она што е неверојатно е големото срце и големите м**иња на моите играчи. Нашиот сон продолжува“, изјави на почетокот Игор Миличиќ, а потоа продолжи:

„Ова е нешто на што сме многу горди. Оваа група играчи покажува колку се потценети полските играчи и се надевам дека ова ќе биде голема работа што ќе ги инспирира децата. Се надевам дека хејтерите ќе замолчат и полското кошаркарско семејство ќе се обедини“.

Полска во полуфиналето ќе игра против Франција, додека во втората двојка силите ќе ги одмерат Шпанија и Германија.

ПретходноХрватот влезе во историјата на Реал: Лука Модриќ како Пушкаш во 1965 година!
СледноСудии за ПМФЛ: Супер – дербито под Шара за Јован Качевски