Стефан Ристовски по поразот: Побега? Сите ми побегнаа и сега што?

1396

По сензационалниот триумф над Челзи на домашен терен на стартот на Лигата на шампиони, Динамо Загреб беше совладан на гостувањето кај Милан со 3-2 на „Сан Сиро“.

По овој дуел на прес-конференцијата зворуваше капитенот на македонската репрезентација, Стефан Ристовски, на кого Побега вистински му избега при третиот гол на противникот.

„Мораме да излеземе со кренати глави, игравме против клуб кој е во топ 10 во светот, со голема традиција. Овој натпреварување не простува премногу. Правевме полугрешки, што пак веднаш се казнува. Мора да продолжиме да чекориме по нашиот пат и да веруваме до крај. Го познавам Рафаел Леа од кога бев во Спортинг, тој е голем талент, тоа е теренот што покажува, нема што да кажувам многу за него“, рече Ристовски и додаде:

„Побега ми побегна на голот? Сите ми избегаа, што сега… Кога притискаат така, навистина е тешко да се брани. Го добивме Челзи, загубивме на Сан Сиро, сега не чека густ распоредот и не можеме да се опуштиме, мене ме чека и репрезентацијата. Мораме да прифатиме дека сме во жесток ритам и да се справиме со тоа, да продолжиме понатаму“.

Динамо е на второто место на табелата во групата Е на еден бод зад Милан, кој има победа и реми.

ПретходноЛШ: Јувентус потона и пред Бенфика, пресврт победи на ПСЖ и Манчестер Сити (ВИДЕО)
СледноДончиќ: Ја изневерив својата држава!