Судии за ПМФЛ: Супер – дербито под Шара за Јован Качевски

924

Познати се судиите за 8.коло во ПМФЛ, пет натпревари кои се играат претстојниот викенд. Јован Качевски од Струга е одреден за главен судија на супер – дербито меѓу Шкендија и Шкупи, кое се игра во сабота со почеток од 15 часот.

Во Струга, каде игра перфектната Струга ТЛ со Тиквеш, за главен судија е одреден Марјан Младеновски од Скопје. Александар Ставрев од Скопје ќе го суди мечот меѓу А. Пандев и Македонија ЃП.

ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА 8.КОЛО – САБОТА (15 Ч)

Работнички – Победа (Игор Стојчевски – Скопје)

Шкендија – Шкупи (Јован Качевски – Струга)

А.Пандев – Македонија ЃП (Александар Ставрев – Скопје)

Струга ТЛ – Тиквеш (Марјан Младеновски – Скопје)

НЕДЕЛА:

Скопје – Брегалница (Стојанче Трпчевски – Кавадарци)

ПретходноСелекторот на Полска: Големото срце и играта со м**иња беа одлучувачки! Ги замолкнавме хејтерите!
СледноРеал без Бензема викендов против Атлетико