Македонскиот репрезентативец Бобан Николов е пред вратите на романскиот гигант Стеауа Букурешт односно ФЦСБ како што е новото име на клубот. Николов е слободен фудбалер откако си замина од Шериф, а веќе подолго време бара клуб и се чини дека таа потрага ќе заврши. Некогашниот играч на Вардар, Видеотон, Лече ќе го облече дресот на славниот романски клуб чиј сопственик е контроверзниот Џиџи Бекали.
Инаку романското првенство не е непознаница за Николов затоа што тој беше во Академија Хаџи и во Виторул од Костанца.