Утре е ждрепката за 1/8 финалето од Купот на Македонија

269

Утре со почеток од 13:30 часот во просториите на ФФМ ќе се одржи ждрепката за 1/8 фаза од овогодинешниот Куп на Македонија.

Како што е веќе познато во текот на вчерашниот ден беше одигра прелиминарната фаза за оваа сезона, и немаше поголеми изненадувања. Па така, утре во барабанот ќе се најдат сите екипи кои нешто значат во ПМФЛ но и ВМФЛ конкуренцијата во моментов, а она што е многу важно да се напомене е дека ждрепката нема да биде диригирана. Тоа значи дека сите екипи може да се паднат меѓусебе.

Во ждрепката влегуваат сите 16 екипи кои се активни во моментов во ова натпреварување, а тие се следните: Шкупи, Работнички, Фортуна, Вардар, Шкендија, Победа, Пелистер, Тиквеш, Брегалница, Академија Пандев, Струга Трим Лум, Македонија ЃП, Силекс, Скопје, Љуботен и Воска Спорт. Секако, фаворитите од ова натпреварување ќе се надеваат на поволна ждрепка и противник од типот на Фортуна или пак Љуботен.

 

 

 

ПретходноПорто гостин на Висла: Митревски е единствената македонска светлост во Лигата на шампиони!
СледноКога си роден со фудбал во срцето….