Фановите тагуваат: Федерер замина во пензија!

98

Крај на една спектакуларна кариера, крај на една ера, на една тениска легенда и според многумина најдобриот тенисер во историјата. Роџер Федерер објави дека заминува во пензија и со тоа ги остави неговите фанови да тагуваат, како што се радуваа на сите негови победи во изминатите две децении.

Историјата ќе каже дали Роџер беше најдобар, дали тоа беше Надал или Новак, но јасно е дека Швајцарецот беше најелегантниот тенисер кој некогаш играл на тениските терени ширум светот. И тие што го сакаа, и тие што не го сакаа, мораа да си признат дека како Роџер и неговата елеганција светот пред него и по него, не видел.

Неговите рекорди се бројни, освои 20 гренслемови, стотина милиони долари од турнирите, уште толку од спонзорските договори. Беше еден од најпосакуваните спортисти во историјата на спортот.

Освои 103 АТП титули, и 28 мастерси.

Неверојатно.

Имам 41 година, одиграв повеќе од 1.500 турнири во период од 24 години. Светот на тенисот кон беше срдечен и повеќе од тоа што можев да сонувам, но време е да признам дека е време да ја завршам својата кариера“ ова го напиша Федерер на своите социјално мрежи.

ПретходноПромени во АБА: Осум екипи влегуваат во плеј – офот, дали е ова шанса за МЗТ Скопје!?
СледноПотер: Разочарани сме од овој резултат