Шокантно: Ова е новиот дрес на Барселона!

493

Каталонските медиуми денеска објавија како тоа ќе изгледа новиот дрес на Барселона за сезоната 2023/24. И фановите се во шок, тие се гневни. Имено дресот е сосема бел и наликува на дресот на Реал Мадрид, само што тој е дизајниран од Адидас а овој на Барса од Најк, се разбира различни се и логоата на клубовите.

Да, ова е втората гарнитура, но јасно е дека овие дресови премногу наликуваат на оние на “кралскиот“ клуб па и затоа многу врева се дигна откако беше објавена оваа информација.

Сепак треба да се каже дека и во минатото Барса знаела да изненади со бела боја на своите дресови, најчесто во таков дизајн дресот беше во времето на Јохан Кројф.

Image

ПретходноОктај Дерелиоглу пред дербито: Гостивар има желба да ја победи Воска Спорт!
СледноЖестоки реакции и осуда од сите страни по нацистичкиот поздрав на фановите на Динамо Загреб! (ВИДЕО)