Најверните фанови на Динамо Загреб,т.н БББ, вчера во Милано, во пресрет на мечот од ЛШ против Милан, просто се избламираа кога во еден момент поздравуваа со познатиот нацистички поздрав. Познато е дека повеќе навивачки групи во Европа “коалицираат“ со крајната десница, со симболите на фашизмот и нацизмот, но овде на Балканот посебно сме нервозни на тоа ако се знае каде беше, на која страна беше официјална Хрватска или НДХ од 1941 до 1945 година.
Секако дека тој гест на БББ наиде на голема и жестока осуда, а меѓу првите со свои критики излезе и претседателот на Р. Хрватска, Зоран Милановиќ:
“Тоа секогаш води кон проблеми. Прво ќе се избламираат себе, па потоа Динамо, клуб кој само што почна да раскрстува со сите такви глупости. Тоа е само по себе лошо, нацизмот е лош. Холокаустот и се што оди со него е нешто најлошо“ рече покрај другото Милановиќ.
Horrifying- Croatian soccer fans (Dinamo Zagreb) marching throughout the streets of Milan throwing up Nazi salutes.
The Ustaše would be very proud. pic.twitter.com/mt8RgjpPTh
— StopAntisemitism (@StopAntisemites) September 14, 2022