Крстовски растура во Босна, три гола и три асистенции на стартот на сезоната (ВИДЕО)

487

Мариот Крстовски очигледно ја пронајде средината каде што го покажува сиот свој потенцијал и квалитет. Во дресот на Слога Добој, прволигашот од Босна, на стартот на сезоната забележа три гола но и три асистенции.

Последниот погодок го постигна вчера и тоа против својот поранешен тим Зрински во триумфот од 1:0. Претходно стрелаше и против Вележ односно Тузла.

„Одлично започна сезоната за мене. Влегувам во посакуваната форма, конечно имам минутажа и потполна доверба од стручниот штаб. Супер сум примен во клубот, тоа се гледа и од мојата форма во моментов“ – ни изјави Марио Крстовски.

ПретходноСудии за ВМФЛ: Стојанов ќе го суди дербито Гостивар – Воска, Пројковска „главна“ во Маџари
СледноПоранешен играч на Шкупи почина од срцев удар