ЛЕ и ЛК: Барди и Трабзон и спремаат пекол на Ц. Звезда, Тричко на гости кај Динамо Киев, Џани против Рен

80

Вечерва се играат натпреварите од 2.коло од групната фаза во Лигата на Европа и Лигата на Конференции. Секако дека за овие простори, па и за нас во Македонија, најинтересно ќе биде во Трабзон каде домашниот Трабзонспор ја дочекува Ц. Звезда. Секако дека еден од адутите на турскиот тим е и нашиот интернационалец и репрезентативец Енис Барди.

Ова е дуел на турскиот и српскиот шампион во Лигата на Европа.

Иван Тричковски со својот АЕК Ларнака му гостува на Динамо Киев, натпреварот се игра во Краков на стадионот на Краковија.

Езџјан Алиоски со својот Фенербахче гостува во Франција, каде се среќава со тимот на Рен, додека Ердал Ракип и Малме гостуваат кај Унион Ројал во Белгија.

Во Лигата на Конференции, “македонскиот“ Пјуник, за кој настапуваат Марјан Радески, Стефан Спировски и Кире Ристевски на домашен терен го пречекува тимот на Слован Братислава.

ПретходноПотер: Разочарани сме од овој резултат
СледноНатпреварите на ФК Вардар ќе бидат пренесувани на Спортклуб!