Како што информираат од раководството на ФК Вардар, во иднина натпреварите на вардарци, оние кога тој ќе биде домаќин, ќе бидат пренесувани во живо и тоа на Спортклуб, на една од најголемите спортски ТВ куќи во регионот. Да кажеме дека во последната година, Спортклуб ги пренесува и домашните мечеви на А. Пандев, но интересно е тоа што за првпат некоја ТВ, па таа да била и странска, ќе пренесува второлигашки натпревари во живо.
Секако дека ова е добро не само за промоција на Вардар, кој во минатото важеше за еден од најголемите клубови во СФРЈ, некогашен шампион, туку и за оние клубови кои ќе му гостуваат на Вардар.
Веројатно првиот меч на Вардар кој ќе биде пренесуван на Спортклуб ќе биде оној меѓу Вардар и Пехчево Скопје на 1 октомври.