Роџер Федерер пред неколку часа во текот на денешниот ден објави дека е готово со играњето професионален тенис, дека е време за пензија. Следуваше реакција од гоме број познати спортски и јавни фаци ширума светот, но секако дека во преден план беше реакција на Рафаел Надал, неговиот најголем ривал пред да дојде на сцената и Новак Ѓоковиќ.
Дека не биле само големи ривали, туку дека Рафа и Роџер биле и големи пријатели, доказ е трогателната објава на Шпанецот и порака до Федерер:
„Драг Роџер, мој пријател и ривал. Посакував овој ден никогаш да не дојде. Ова е тажен ден за спортот, за тенисот, но и за мене. Беше задоволство, но и чест и привилегија да се дели теренот со тебе сиве овие години, доживеавме толку неверојатни моменти на него и надвор од него“ напиша покрај другото Рафа.