Супер трансфер – Николов е пред потпис со Стеауа!

689

Македонскиот репрезентативец Бобан Николов е пред вратите на романскиот гигант Стеауа Букурешт односно ФЦСБ како што е новото име на клубот. Николов е слободен фудбалер откако си замина од Шериф, а веќе подолго време бара клуб и се чини дека таа потрага ќе заврши. Некогашниот играч на Вардар, Видеотон, Лече ќе го облече дресот на славниот романски клуб чиј сопственик е контроверзниот Џиџи Бекали.
Инаку романското првенство не е непознаница за Николов затоа што тој беше во Академија Хаџи и во Виторул од Костанца.

ПретходноЛК: Балкани два пати водеше, на крајот „падна“ во Прага, Пјуник без Македонците до победа
СледноСкандал во Шпанија – организирале оргии со пари од Фудбалската федерација!