Вчера за време на Куп натпреварот меѓу Каменица Саса и Вардар, во 1/16 финалето од ова натпреварување, во финишот се случувала вистинска драма. Имено стратегот на домашните, Иван Варадиновски повикал двајца свои фудбалери со цел да направи измени во тимот. Ништо необично, но проблемот бил во тоа што тој претходно веќе направил пет измени колку што дозволуваат прописите. И кога почнале да му кажуваат неговите од клубот, а и службените лица, дека нема право на тоа, тој видно се изнервирал и почнал да се развикува.
Веројатно изнервиран од водството на Вардар, а мечот заврши со 0:3, просто се “загубил“, што секако на секого може да му се случи.
Ова епизода има продолжение, а тоа е дека денеска Иван Варадиновски си поднел оставка од местото шеф на стручниот штаб на Каменица Саса.