Братски поделени бодови во Битола!

250

Првото братско дерби во новата сезона во Супер-лигата меѓу двата битолски клубови даде поинаква димензија. Чудно, но вистинито, силниот Е.Пелистер не успеа да го победи Е.Пелистер 2, оваа средба беше братски решена со реми (28-28) кое го избори Мирко Радовиќ во последните 1:48 до крајот. Капитенот на крајот запиша девет гола зад своето име, пет имаше Хосни. На другата страна, Петар Атанасијевиќ постигна седум погодоци, додека еден помалку имаше Ивановски.

Ова беше прв меч од 3. коло во Супер-лигата во групата Б, Е.Пелистер има две победи и реми, додека „братчињата“ имаат победат, реми и пораз.

Помалите и понеискусните го диктираа темпото на средбата во салата „Боро Чурлевски“ .

Е.Пелистер поведе со 0-2 на стартот на мечот, по што следеше одговор на другата страна од 6-2 за водство од 6-4. Иако се чинеше дека поскапиот тим ќе го стави под свое овој натпревар, сепак такво нешто не се случи. Првото полувреме го добија ракометарите на Е.Пелистер 2 со 14-12.

Избраниците на Александар Јовиќ одржуваа позитива од два гола во поголем дел од мечот, беше 16-14 и 18-16. Е.Пелистер успеа да изедначи на 21-21, но за кратко, вториот битолски состав дојде на плус два 23-21. Поискусните момци имаа шанса да израмна во 58 минута, но направија техничка грешка по која следеше казна. Ивановски зголеми на 28-26. По тајм-аутот на Валтер, Радовиќ реализираше за 28-27, по изгубената топка на Е.Пелистер 2, Радовиќ одново казни за конечни 28-28.

ПретходноДа се знае кој е кој: Мурињо и Фергусон со најмногу победи на европските мечеви! (ФОТО)
СледноФранција ја демолира Полска со 41 разлика и ќе игра финале на Евробаскетот