Ибраими: Седумте победи по ред ги зголемија апетитите, сакаме победа над Тиквеш

359

Во сабота со почеток од 15 часот ќе се одигра мечот меѓу Струга Трим Лум и Тиквеш во рамките на 8.коло на ПМФЛ. Струга е лидер со максимални освоени бодови, а Тиквеш направи скок на шестото место по двете едноподруго победи против Шкупи и Академија Пандев. Најдобриот напаѓач на стружани Бесарт Ибраими даде свое видување на мечот.
Тиквеш е солидна екипа и тоа го докажа на последните два натпревари, остварувајќи две победи над доста сериозни противници, вклучувајќи го и шампионот Шкупи. Сепак, ние како Струга Трим Лум имаме свои амбиции и цели. Седумте последователни победи го зголемија моралот и желбата за победа во тимот.Веруваме во добра стратегија од тренерот кој има голема заслуга за овие резултати и атмосферата која владее во тимот. Ако и на овој натпревар ги следиме наредбите на тренерот, јас верувам дека бодовите ќе останат во Струга“, изјави Ибраими кој досега постигна шест голови.

ПретходноБалотели си тера по старо…алкохол, ноќни клубови, девојки! (ВИДЕО)
СледноВенгер откри зошто никогаш не се вратил во Арсенал