Куп – 1/8 финале: Дербито е Струга ТЛ – Работнички, Вардар и А.Пандев со многу среќна ждрепка

2017

Попладнево во просториите на ФФМ беше извршена ждрепката за 1/8 финалето во Купот на Македонија. Нема големо дерби, големите фаворити се избегнаа, па така најинтересно се очекува да биде на дуелот меѓу Струга Трим Лум и Работнички. Исто така неизвесно ќе биде на мечот меѓу Тиквеш и Силекс, додека актулениот бранител, тимот на Македонија ЃП гостува во Прилеп.

Вардар имаше многу среќа, за ривал ја доби Фортуна, додека “пандевци“ ќе играат со Љуботен. Шкупи се среќава со Воска а Шкендија со Скопје.

ДВОЈКИ ЗА 1/8 ФИНАЛЕТО

Струга ТЛ – Работнички

Брегалница – Пелистер

Вардар – Фортуна

А.Пандев – Љуботен

Победа – Македонија ЃП

Шкупи – Воска

Шкендија – Скопје

Тиквеш – Силекс

*Натпреварите ќе се играат на 5 октомври

ПретходноФА го казнува Џеси Марш на еден натпревар
СледноРК Вардар со јавна благодарност до Општина Аеродром и градоначалникот Муцунски! (ФОТО)