Напаѓачот на Манчестер Сити Ерлинг Халанд е најдобриот фудбалер за месец август во Премиер лигата. Норвежанецот одбележа историско деби во првиот месец во најсилната англиса лига со девет гола во првите пет натпревари за Сити. Тој погоди против Вест Хем, Њукасл, Кристал Палас и Нотингем Форест, а асистираше на мечот со Борнмут. Халанд ги подобри рекордите на Мајки Квин и Серхио Агуеро за најдобри голгетери по првите пет натпревари во Премиер лигата.
Халанд е првиот фудбалер со оваа награда во дебитантскиот месец по Бруно Фернандес кој го направи тоа со Манчестер Јунајтед во февруари 2020 година. А Халанд успеа да победи силна конкуренција во Габриел Жесус, Александар Митровиќ, Мартин Одегард, Паскал Грос, Родриго, Заха и Ник Поуп.
What a start to life in the #PL 👏@ErlingHaaland is August’s @EASPORTSFIFA Player of the Month after 9️⃣ goals in his first 5️⃣ matches!#PLAwards | @ManCity pic.twitter.com/s22u5xFoQn
— Premier League (@premierleague) September 16, 2022