Алегри е сигурен, но неговите помошници одат во „аут“

347

Масимилијано Алегри по се изгледа дека засега е сигурен на клупата на Јувентус. Најголема причина за тоа е отштетата која што ќе мора да му биде платена доколку добие отказ, а истата е девет милиони евра.
Па така, и покрај фактот што Јуве прв пат во историјата загуби два последователни мечеви во Лигата на Шампионите, и тоа оние старните, Алегри нема да биде сменет. Поради тоа, товарот сега се префрлува на неговите помошници, инаку задолжени за кондициската подготовка на фудбалерите на кои им се префрлува дека не си ја завршиле задачата како што треба.

Играчите изгледаат летаргично на терен, немаат енергија, а згора на тоа огромен дел од нив се повредени. Во прв ред тоа е Пол Погба, Локатели, Рабио, Шчешни, Киеза, Алекс Сандро… сите овие не се дел од стројот, па не е толку за изненадување што Јуве е поразен од Бенфика…

Ќе се оди до таму што најверојатно ќе биде променет и психологот на тимот, само за да може да се усмерат нештата во позитивен правец.

 

ПретходноТен Хаг: Роналдо само да влезе во правата форма и головите ќе дојдат сами
СледноАкадемија ФМП со четири нови имиња за новата сезона